петок, октомври 23, 2026
Дома СВЕТ Француски суд укина забрана за студентски протести во Париз – 217 лица...

Француски суд укина забрана за студентски протести во Париз – 217 лица осудени на затворски казни поради немирите

0
Фото: EPA/MOHAMMED BADRA

Франција се подготвува за протести оваа сабота, воведувајќи низа забрани за јавни собири, придружени со зголемено присуство на полициски и воени сили. Судовите веќе укинаа една таква забрана во Париз, додека синдикатите и студентите повикуваат на мирни демонстрации.

Француските префектури воведуваат делумни или целосни забрани за јавни собири во Париз, Марсеј, Лион, Ница, Орлеан, Тулон и други градови, во пресрет на протестите закажани за 24 октомври.

Француски управен суд донесе итна одлука со која се суспендира полициската наредба за забрана на демонстрации во Париз, организирани од коалиција на студенти од различни универзитетски собранија, пренесува „ФоНет“.

По спроведената итна правна постапка, судијата објави дека „полициската наредба се укинува“, иако не беше наведена конкретна причина за таквата одлука, јавува „Франс 24“ (France 24).

Веднаш потоа, студентскиот протест започна пред универзитетската болница „Питие-Салпетриер“ (Pitié-Salpêtrière), во 13-тиот париски арондисман.

Во меѓувреме, министерот за правда Жералд Дарманен соопшти дека судовите, преку забрзани правни постапки, изрекле затворски казни за 217 лица поради нивно учество во немирите што се случија минатиот викенд.

Говорејќи пред затворот „Флери-Мерожи“ (Fleury-Mérogis) во париското предградие, Дарманен изјави дека од саботата се приведени 2.700 лица, од кои повеќе од 1.000 веќе се изведени пред суд.

Дарманен им изјави на новинарите дека „половина од 217-те лица кои завршија во затвор немале претходно криминално досие“, додавајќи дека „станува збор главно за мажи на возраст меѓу 18 и 25 години“.

ИЗДВОЕНИ