понеделник, октомври 19, 2026
Дома СВЕТ Франција за посетата на папата Лав ангажира 15.000 припадници на безбедносните служби

Франција за посетата на папата Лав ангажира 15.000 припадници на безбедносните служби

38
EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Франција ќе ангажира 15.000 припадници на безбедносните служби за време на посетата на папата Лав XIV кон крајот на септември; француските власти проценуваат дека, иако општата терористичка закана во земјата останува висока, во моментов нема конкретни закани поврзани со доаѓањето на поглаварот на Римокатоличката црква.

Францускиот министер за внатрешни работи и за верски прашања, Лоран Нуњез, изјави за весникот „Ла Кроа“ (La Croix) дека полицајци, жандарми, припадници на мобилни единици и војници од операцијата „Сентинел“ (Sentinelle) ќе бидат распоредени на терен на 25 и 26 септември, кога се очекува најголем број посетители.

Во однос на здравјето и безбедноста, тој додаде дека ќе бидат ангажирани околу 2.500 пожарникари од Париз, кои ќе соработуваат со службите за цивилна заштита и овластените организации, вклучувајќи ги Црвениот крст и Малтешкиот ред.

ИЗДВОЕНИ