сабота, јули 18, 2026
Дома МАГАЗИН Франција се пече: Седум региони се под портокалова тревога

Франција се пече: Седум региони се под портокалова тревога

14
Фото: EPA/ANDY RAIN

Седум департмани во Франција се под портокалова тревога поради екстремна топлина. Температурите во некои делови од земјата би можеле да достигнат 40 степени.

Седум департмани во Франција се под портокалова тревога поради топлотен бран, откако Алпите-Маритим беа ставени на највисоко ниво на тревога за екстремна топлина од пладне, објави денес метеоролошката агенција „Метео-Франс“.

Алпите-Маритим се приклучуваат на департманите Буш-ду-Рон, Јужна Корзика, Горна Корзика, Гар, Еро и Вар, кои веќе беа под портокалова тревога, објави „Ле Фигаро“.

Департманите Пиринејски-Ориентали, Од, Ардеш, Дром, Воклиз и Алпите-де-Горна-Прованс се под жолта тревога поради високите температури.

Според „Метео-Франс“, топлотниот бран е предизвикан од „маса од многу топол воздух“ што лебди над земјата неколку дена, а сега се движи кон југоисток под влијание на бурно време и доаѓање на постуден воздух. Метеоролошката служба соопшти дека додека најинтензивната топлина се повлекува кон Медитеранот, високи ноќни температури помеѓу 22 и 26 степени Целзиусови сè уште се очекуваат по должината на медитеранскиот брег.

Попладневните температури ќе бидат слични на оние од петок, а во внатрешноста во департманите Вар и Алп-Маритим би можеле да достигнат од 39 до 40 степени Целзиусови.

„Метео-Франс“ предупредува дека интензивната топлина ќе продолжи и во наредните денови, но се очекува топлотниот бран постепено да ослабува, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ