Ова е само еден од примерите како неодговорно и несовесно се однесуваат инвеститорите, но и изведувачите при изградбата на објектите. Не е битно дали ќе се попречи сообраќајот со градежни машини или ќе се узурпира тротоарот со градежни материјали, битно е како така да се заврши работата и да „никне“ зградата, односно објектот.
Граѓаните често пати се соочуваат со непријатни ситуации поради тоа. Камион истура песок и го блокира сообраќајот, бидејќи е на сред улица, а песокот е на троторот и го попречува слободното движење на пешаците. Што значи дека се доведува во прашање и безбедноста на пешаците и на останатите учесници во сообраќајот.
Од друга страна пак, ваквото однесување упатува на тоа дека инспекциите затајуваат, за да го казнат ваквото однесување на инвеститорите и изведувачите, иако општините на големо информираат дека нивните служби се на терен и казнуваат.,
И на крајот се наметнува прашањето, зошто воопшто општината издала одобрение за градба кога нема соодветни услови за изведување на градежни активности или пак се прогледува низ прсти иако Законот за градење точно дефинирал се. Но, за жал не се почитува.












