ФОТО: П.Стојановски
Дерби натпреварот од 12. коло во македонската Прва фудбалска лига, дуелот помеѓу вечните ривали Пелистер и Вардар, заврши со минимален триумф на гостинот од 2:1. „Црвено-црните“ дојдоа во водство во 54 минута со погодокот на Мато, а шест минути подоцна, домаќинот израмни преку Петковски. Во 83 минута главниот судија досуди пенал за Вардар, а Закариќ успешно го реализираше ударот од белата точка.
Со новите три бода, Вардар се врати на лидерската позиција и има еден бод повеќе од второпласираната Струга, доека Пелистер е на 10-та позиција.












