сабота, август 29, 2026
Дома СПОРТ ФОТО: Македонија со четири финалисти на 31-от Светски куп во Кикбокс

ФОТО: Македонија со четири финалисти на 31-от Светски куп во Кикбокс

54

Македонските кикбоксери имаа и повеќе од успешен ден на 31-от Светски куп – Hungarian Kickboxing World Cup 2026, кој се одржува во Будимпешта (Унгарија).

Големи се шансите нашите кикбоксери, кои со сопствени средства од четири клубови (КБК Шампион Скопје, КБК Адора Скопје, КБК Ронин Прилеп и КБК Арена Струмица) во придружба на своите тренери отпатуваа за Унгарија, да освојат неколку злтни медали затоа што Македонија ќе има четири претставници во финалните борби.

Во денешните полуфинални дуели, Пепи Велков беше подобар од Украинецот Павло Хавришчук, Андреј Смилевски беше подобар од Словенецот Рекарник, Радослав Велевски ја доби битката против Кулеј Јакуп од Полска, а Калин Бабоски беше подобар од Смерека Роман од Украина.

 

ИЗДВОЕНИ