Доколку прошетате низ центарот на градот, на овие горештини, нема каде да се напиете вода од јавните чешми. И од оние малкуте што ги има, не тече вода, не служат ниту како украс оти или се искршени или се полни со ѓубре. Суви се чешмичките на „Рекорд“, пред Зеленото пазарче, кај културниот дом „Кочо Рацин“ или кај Домот на градежниците. Фонтаната во паркот Жена борец работи, но водата во силен, висок млаз залудно тече, па граѓаните тешко може да се напијат вода.  

Луѓето што  беа седнати под сенка во паркот, коментираа дека наместо да се постават нови, локалните власти не се способни да ги одржуваат ни да ги поправат постојните чешми.

Освен во строгиот центар, состојбата со јавните чешми е иста и во другите скопски општини. Од „Водовод и канализација“ се оправдуваат дека одржувањето е во надлежност на општините. Појаснуваат дека со последната одлука донесена од УО на јавното претпријатие, секоја општина треба да донесе одлука кои чешми на нејзина територија сака да се пуштат во употреба, по што се поставува водомер на нив и нивното одржување станува општинска обврска. Оттаму за весникот ВЕЧЕР додаваат дека фонтаните и чешмите за кои нема барање за прифаќање, не се пуштаат во употреба 

 

Доколку прошетате низ центарот на градот, на овие горештини, нема каде да се напиете вода од јавните чешми. И од оние малкуте што ги има, не тече вода, не служат ниту како украс оти или се искршени или се полни со ѓубре. Суви се чешмичките на „Рекорд“, пред Зеленото пазарче, кај културниот дом „Кочо Рацин“ или кај Домот на градежниците. Фонтаната во паркот Жена борец работи, но водата во силен, висок млаз залудно тече, па граѓаните тешко може да се напијат вода.

Луѓето што беа седнати под сенка во паркот, коментираа дека наместо да се постават нови, локалните власти не се способни да ги одржуваат ни да ги поправат постојните чешми.

Освен во строгиот центар, состојбата со јавните чешми е иста и во останатите скопски општини.

– Ги нема доволно. Во Карпош нема каде да се напиеш вода. И во другите општини е исто. Секоја општина треба да има јавни чешми барем по главните булевари – вели возач во ЈСП, кој сакаше да остане анонимен.

Тој вели дека се снаоѓаат така што се снабдуваат од продавниците.

И другите граѓани што ги сретнавме во градот велат дека Скопје делумно има јавни чешми, а и тие што ги има – се затворени.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ велат дека одржувањето на чешмичките за пиење вода се надлежност на општините.

– Со последната одлука донесена од Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“, секоја општина треба да донесе одлука кои чешми на нејзина територија сака да се пуштат во употреба, по што се поставува водомер на нив и нивното одржување станува нејзина обврска – објаснуваат од претпријатието, додавајќи дека фонтаните и чешмите за кои нема барање за прифаќање, не се пуштаат во употреба. 

Според нивните податоци, функционални се 44 јавни чешми во Општина Аеродром, 12 во Гази Баба, 10 во Ѓорче Петров, четири во Општина Карпош, пет во Кисела Вода и осум во Центар.

– Тоа значи дека се поставени вкупно 83 водомери, односно има 83 активни чешми и фонтани – заклучија од ЈП „Водовод и канализација“.

Од Општина Центар велат дека поднеле ургентно барање до ЈП „Водовод и канализација“ за пуштање во употреба на јавните чешми на нивна територија и оти екипите на Општината се на терен за увид.

Службите на Општина Аеродром информираат дека на нивна територија има 63 јавни чешми, кои ги одржуваат.

– Во моментов, сите се во функција, освен две, поради дефект пред водомерот, за чии одржување и санација е надлежно јавното претпријатие „Водовод и канализација“. За овие две чешми, Општина Аеродром поднесе барање до претпријатието, од каде што се очекува соодветна интервенција – соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека, како општина, свесни се за значењето на јавните чешми, особено во летниот период и уверуваат дека продолжуваат со активностите за нивно редовно одржување и повторно пуштање во функција на оние што се неактивни во моментов.

Шансите дека некоја од чешмите во градот ќе биде нефункционална се еден спрема четири, според податоците што ги собра здружението „Еквалис“, минатата година. Тие, преку проект што го работеле заедно со уметничкиот колектив „Партизанска штампа“, избројале дека од 120 чешми во општините Кисела Вода, Центар и Аеродром, 31 не работат.

Откако волонтерите на „Еквалис“ поминале два месеца, од февруари до април минатата годинава, правејќи обиколка на јавните чешми, дошле до податокот дека секоја четврта во централните општини не работи.

(А. П.)

 

 

ИЗДВОЕНИ