понеделник, август 31, 2026
Дома СКОПСКА Фолклорниот ансамбл „Етнос“, Зуица Лазова, Миле Кузмановски и Душко Георгиевски го означија...

Фолклорниот ансамбл „Етнос“, Зуица Лазова, Миле Кузмановски и Душко Георгиевски го означија крајот

1

Во дворот на црквата „Св. Троица“, во населбата Бардовци, во знакот на македонскиот фолклор и традиција, беше одбележана последната вечер од Карпошовото културно лето. На самиот почеток, на сцената блеснаа енергичните игроорци од фолклорниот ансамбл „Етнос“, со добропознатите народни танци и ора. На сцената доминираа автентичните колоритни македонски носии и звукот на традиционалниот народен мелос.

Настанот го крунисаа ѕвездите на вечерта, Зуица Лазова, Миле Кузмановски и Душко Георгиевски, кои со својот енергичен настап му дадоа душа на просторот, создавајќи мистична атмосфера пред присутните гости. Во саботната спонтана вечер, пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, нагласувајќи дека културата, традицијата и обичаите се живи, сè додека луѓето ги носат во себе и ги споделуваат меѓу младите генерации.

Годинашното културно лето во Општина Карпош на граѓаните им понуди разновиден музички репертоар, за сите музички вкусови и генерации.

Познати македонски музички имиња, млади и надежни рап изведувачи, културно-уметнички друштва, арт-презентации и филмски проекции на „кино на отворено“, беа само дел од палетата на настани кои му дадоа специфичен печат на седумнаесеттото издание на Карпошовото културно лето.

ИЗДВОЕНИ