недела, февруари 1, 2026
Дома МАГАЗИН Филмски грабеж во семејна златарница во Лондон: Додека крадците го кршат излогот,...

Филмски грабеж во семејна златарница во Лондон: Додека крадците го кршат излогот, вработените го спасуваат накитот/ВИДЕО

449
Фото:Принтскрин, видео

Во саботата наутро, двајца маскирани мажи го скршија излогот на семејната златарница со чекан пред шокираните минувачи и украдоа вреден накит.

Инцидентот се случил околу 10:30 часот наутро. Видеото прикажува еден маскиран маж како се приближува кон излогот на златарницата „Грегори и Ко“ со голем чекан, додека друг стои подготвен со торба. Гласни удари набрзо почнаа да одекнуваат низ улицата додека крадецот го удираше стаклото со сета сила, пренесе „Кликс“.

Повеќето сведоци останаа во шок, додека барем едно лице мирно го сними целиот настан на мобилен телефон.

Еден од очевидците ја опиша сцената за британски „Дејли меил“.

„Овие двајца се појавија од никаде со голем чекан и торба. Потоа почнаа да го кршат излогот на златарницата“, рече тој.

Иако ламинираното безбедносно стакло накратко се спротивставило, крадецот со качулка ги фокусирал ударите во една точка сè додека бариерата не попуштила. Откако делумно го турнал скршеното стакло настрана, неговиот соучесник се нафрлил врз пленот, ставајќи го накитот во подготвена сина кеса.

Снимката ја открива и драмата што се одвивала во продавницата. Еден од вработените се обидел да го одбрани накитот удирајќи ја раката на крадецот со предмет што личел на кутија, но тоа не го спречило грабежот. Друг вработен во златарницата очајно се обидувал да го отстрани накитот од полиците побрзо отколку што крадецот можел да го достигне.

Штом се појавиле, двајцата исчезнале од местото на злосторството.

Лондонската полиција активно ги бара сторителите. Сè уште не е познато колкава е вкупната вредност на украдената стока или колкава материјална штета предизвикале крадците.

ИЗДВОЕНИ