Поранешниот италијански пливач Филипо Мањини, повторно ја отвори темата за неговиот случај со допинг од 2018 година, овој пат правејќи паралела со неодамнешниот скандал во кој беше вклучен најдобриот италијански тенисер Јаник Синер. Мањини, како гостин во емисијата „Белве“, без двоумење изјави дека Синер имал повластен третман.
„Синер доби повластен третман, го кажувам тоа со доза на завист“, рече Мањини, кој беше суспендиран четири години поради допинг во 2018 година, но во 2020 година казната беше укината и тој беше ослободен. Потоа додаде дека бил третиран сосема поинаку. „Тие ме третираа како обичен човек обвинет за допинг, додека тој сè уште е активен спортист. Го тестираа, сè беше решено за неколку дена. Сите спортисти треба да се третираат исто. Ако неговата пресуда дојдеше само по две години, тој ќе пропуштише две години од турнири, а тоа не би било фер.“
„Печатот беше фер кон Синер, а мене ме ставија во сите весници и однапред ме осудија за допинг, без никаква проверка. По 20-годишна кариера, очекував повеќе почит, но ме згазија.“ Поранешниот пливач зборуваше и за други теми, па раскажа како го прославил рекордот од 48,20 секунди со тетоважа на круна на раката, а водителот забележа: „Кога ќе го срушите рекордот, започнува кошмарот дека некој друг ќе го сруши.“
„Така е во Италија. Ние сме љубоморна нација, особено во спортот. Секогаш ме плашеше помислата дека некој ќе ме престигне. Кога си на врвот, единственото нешто што може да се случи е пад – и многумина едвај чекаат да паднеш, бидејќи падот на шампион е секогаш фасцинантен“, рече Мањини, осврнувајќи се на злобните коментари. „Оние што посакуваат да не успеете секогаш ве следат поблиску од оние што посакуваат да победите“.











