Фицо: Украина е црна дупка што голта милијарди евра

41
Фото: EPA/ZUZANA GOGOVA

Словачкиот премиер Роберт Фицо ја опиша Украина како „црна дупка“ што голта милијарди евра и ја поткопува иднината на Европската Унија.

„Украина е црна дупка што голта милијарди евра, рационално економско размислување и одржлива иднина на Европската Унија“, напиша Фицо на својата Фејсбук страница.

Во видео објавено и на неговата страница, премиерот го повтори своето противење на финансирањето од ЕУ на воените потреби на Украина.

„Ако на состаноците на лидерите на ЕУ кажете дека не сакате да обезбедите пари за оружје, тогаш станувате негативец, бидејќи постои мислење за обврската да се обезбедат пари за оружје“, рече Фицо.

ИЗДВОЕНИ