Фицо повика на смена на Каја Калас: „ЕУ едноставно ја мрази Русија, никогаш не сме имале ваква криза“

104
EPA/ZUZANA GOGOVA

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес побара разрешување на високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, велејќи дека Европската Унија „мора да се вразуми“.

– Европската Унија поминува низ криза каква што никогаш порано не доживеала. Само силните ќе преживеат, економски, воено или енергетски – рече Фицо, како што објави телевизијата TA3.

Тој оцени дека ако ЕУ ги усвои пакетите санкции против Русија, тогаш требало да реагира на ист начин на постапките на Израел во Појасот Газа, наведувајќи дека ова е доказ за селективен пристап кон меѓународното право.

Тој ги повика ЕУ и Каја Калас да престанат да дејствуваат пасивно.

– ЕУ има доволна економска и популациска моќ за да биде глобален играч, а не само набљудувач. Или ЕУ ќе стане суперсила, или само ќе гледаме што прават другите – рече тој.

Според него, лидерите на ЕУ „знаат само дека ја мразат Русија“, но „не смислуваат свои решенија“.

Тој оцени дека некои земји сакаат да „ја ослабат Русија преку војна“, што не функционира.

ИЗДВОЕНИ