вторник, јули 14, 2026
Дома БАЛКАН Европската Унија затвори уште две поглавја од преговорите со Црна Гора

Европската Унија затвори уште две поглавја од преговорите со Црна Гора

11

Европската Унија (ЕУ) и Црна Гора денес, на 28-от состанок на Меѓувладината конференција во Брисел, привремено ги затворија преговорите во рамките на Поглавје 8 – Конкуренција и Поглавје 29 – Царинска унија, зголемувајќи го бројот на привремено затворени поглавја од преговорите на 18 од вкупно 33 отворени, објави Советот на Европската Унија по конференцијата.

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави на прес-конференција дека Црна Гора не можела да добие подобри вести по вчерашната прослава на Денот на државноста, објавува „Вијести“.

„Денес го славиме Супер вторникот. Затворивме повеќе од половина од поглавјата од преговорите“, рече Спајиќ, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ