Заменик-шефот на Фронтекс, граничната агенција на ЕУ, предупреди дека постои висок ризик од шверц на оружје од Украина во ЕУ во случај на договор за прекин на огнот со Русија.
Тој за германскиот Велт изјави дека неговата агенција го зголемила своето присуство по должината на западните граници на Украина и дека внимателно ја следи ситуацијата.
„Може да има шверц на оружје во поголем обем. Ова може да стане безбедносен проблем за Европа“, рече Гердес, додавајќи дека кога ќе заврши големата војна што Русија ја започна пред четири години, ќе биде „сосема можно“ да се види повторување на ситуацијата во поранешна Југославија, кога нелегалното оружје го преплави остатокот од Европа откако завршија борбите таму.
„Се подготвуваме за ова уште од почетокот на војната. Верувам дека ризикот е особено висок по прекин на огнот или мировен договор. Во тој момент, ќе има големи количини оружје, муниција и експлозиви во земјата и многу луѓе на кои им требаат пари. Трговијата со оружје може да се случи во поголем обем“, додаде германскиот функционер, пренесува Политико.












