Нè очекува исклучително возбудливо лето во Евролига, каде што покрај најавените промени во форматот на натпреварување, трансфер-пазарот би можел целосно да „експлодира“. Во центарот на вниманието ќе биде еден од најдоминантните играчи во последната деценија – Мајк Џејмс.
Американецот, најверојатно, ќе го напушти Монако, клуб кој се соочува со сериозни финансиски проблеми. Дури и во случај да се стабилизира ситуацијата, јасно е дека следува драстично намалување на буџетот, што директно води кон разделба со најголемата ѕвезда на тимот.
И покрај тоа што има 36 години, интересот за Џејмс е огромен, иако мал број клубови ќе можат да си дозволат да ги исполнат неговите финансиски барања.
Според информациите на Спортандо, главен фаворит за неговиот потпис е ФК Барселона Баскет. Каталонскиот гигант бара сигурно решение на бековската позиција, особено откако шансите за ангажман на Силвен Франциско се речиси минимални поради неговите амбиции за НБА.
Тренерот Чави Пасквал лично ќе се обиде да го убеди Џејмс да му се приклучи на проектот во Барселона, што би претставувало еден од најгласните трансфери во последните години.
Џејмс зад себе има богата кариера настапувајќи за бројни клубови, меѓу кои се Басконија, Панатинаикос, Олимпија Милано и ЦСКА Москва, како и кратки НБА0-епизоди со Феникс, Њу Орлеанс и Бруклин.
Во Евролига остави длабока трага, крунисана со наградата за МВП во 2024 година. Оваа сезона бележи просек од 16,7 поени, 6,6 асистенции и 3,4 скока по натпревар, потврдувајќи дека и понатаму е еден од највлијателните играчи на европската сцена.











