„Гранд продукција“, во меѓувреме, спроведе онлајн анкета за сите финалисти. Никола од Македонија доби најголема поддршка од публиката и преку ова гласање. Ја запеа познатата македонска песна „Ќе ти дојдам вечер“ качен на тапани. Ете уште една голема причина да гласате за него и за Македонија. Во тоа големо финале на „Ѕвездите на Гранд“, кое ќе го гледаме на фреквенцијата на телевизија „Сител“ од 21:15 часот, ќе настапат вкупно 20-мина натпреварувачи
Поради уличните протести што се случија минатата сабота во Белград, балканското мегашоу „Ѕвездите на Гранд“ не се емитуваше до крај. Беше прекинато. Односно најинтересниот дел, гласањето, беше одложен. Токму затоа „Гранд продукција“ одлучи да се одржи тоа оваа сабота, на 5 јули. За сите да бидат испочитувани. Секако, и публиката и особено натпреварувачите. Со нив во друштво е и најсериозниот кандидат за победа оваа година, претставникот на Македонија, нашиот Никола Станишиќ.За оние што не знаат или не се во тек, Станишиќ е роден во 2000 година, има завршено гимназија, живее во Скопје и веќе настапува со својот бенд и надвор од Македонија. Неговите интерпретации на македонските песни во „Ѕвездите на Гранд“ ја одушевија публиката од Вардар до Триглав, а особено беше одушевена балканската пејачка ѕвезда Цеца Ражнатовиќ. Таа дури стана и заигра македонско оро, велејќи дека македонската музика ѝ е многу блиска и мила. Во последната емисија, сите во екипата на Никола беа облечени во македонски народни носии, заедно со него. Свиреа на зурли и на тапани и направија вистинско шоу, вистински спектакл. Никола се качи на тапаните и ја запеа познатата песна „Ќе ти дојдам вечер“ од репертоарот на популарниот македонски фолкер и водител на „Везилка“, Спасен Силјаноски.
„Гранд продукција“, во меѓувреме, спроведе онлајн анкета за сите финалисти. Никола од Македонија доби најголема поддршка од публиката и преку ова гласање. Ете уште една голема причина да гласате за него и за Македонија:во тоа големо финале на „Ѕвездите на Гранд“, кое ќе го гледаме на фреквенцијата на телевизија „Сител“ од 21:15 часот, ќе настапат вкупно 20-мина натпреварувачи (12-мина машки и 8 женски). Никола, сега-засега, заедно со Елвис Мешиновиќ (од тимот на Марија Шерифовиќ), убедливо води пред сите други натпреварувачи. И патриотски и музички, да се соединиме, да стискаме палци, да навиваме за Никола од Македонија! (Д. М.) фото:архива-ФБ