ЕУ воведува нов систем на границите: Нема да има печати во пасошите, странците ќе бидат фотографирани

401

Преговарачите на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулатива за постепено воведување на Системот за влез/излез (СВИ), електронски систем што ќе овозможи дефинитивно напуштање на печатот во пасошите, пренесува Хина. Овој договор сега треба формално да биде потврден од двете законодавни институции. После тоа, Комисијата треба да донесе посебна одлука за почеток на постепеното воведување на СВИ. Преодниот период ќе трае шест месеци.

СВИ е заеднички електронски систем што ќе евидентира и складира информации за датумот, времето и местото на влез и излез на државјани кои не се членки на ЕУ што ги преминуваат границите на ЕУ, со што дефинитивно ќе се напушти печатот во пасошите.

Автоматски ќе го пресметува времетраењето на овластениот престој на овие државјани на трети земји и ќе издава предупредувања до земјите-членки на ЕУ за истекот на овластениот престој. Планирано беше СВИ да се имплементира во ноември минатата година, но беше одложено бидејќи не сите земји беа подготвени за имплементација. Затоа Комисијата предложи постепено воведување на системот.

СВИ ќе се применува за лица на кои им е потребна виза за краток престој и за оние кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ, а се ослободени од обврската за виза.

Во првите два месеци, земјите-членки би можеле да го применат системот без користење на биометриски податоци, а по три месеци СВИ треба да се примени со биометриски податоци на најмалку 50% од граничните премини. Целосната имплементација на системот, односно регистрацијата на сите патнички премини, треба да се случи до крајот на преодниот период. Во текот на преодниот период, ќе продолжи ставањето печат на пасошите.

СВИ ќе се применува за лица на кои им е потребна виза за краток престој и за оние кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ, а се ослободени од обврската за виза.

Според новиот систем, граничната полиција ќе ги скенира отпечатоците од прсти од лицата кои првпат поминуваат граница или ќе ги фотографира. Овие информации ќе бидат складирани во дигитална датотека, што ќе овозможи точно да се знае кој влегува во Шенген-зоната со странски пасош и кој го пречекорува ограничувањето од 90 дена.

ИЗДВОЕНИ