сабота, јули 11, 2026
Дома СВЕТ ЕУ ќе назначи претставник за мировни преговори кога Путин ќе биде подготвен,...

ЕУ ќе назначи претставник за мировни преговори кога Путин ќе биде подготвен, соопшти портпаролката на ЕК

63

Европската унија (ЕУ) ќе назначи специјален претставник за мировни преговори со Русија за решавање на конфликтот во Украина кога рускиот претседател Владимир Путин ќе биде подготвен, изјави портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо, објави денес „Украинска правда“.

„Разговорите за назначување претставник на ЕУ за учество во мировните преговори во Украина би биле соодветни кога Русија ќе покаже вистинска подготвеност да ја заврши војната“, изјави Паула Пињо.

Таа додаде дека нема да навлегува во дополнителни детали за разговорите во врска со мировните преговори и претставникот.

„Веќе неколку пати слушнавте што мислиме за ова. Апсолутно не гледаме никаков сигнал од претседателот Путин дека тој навистина сака мир“, додаде таа, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ