В сабота, од 10:00 до 15:00 часот, во кумановското Ново Село ќе се одржи манифестацијата „Есенско пазарче“.
Ова „Есенско пазарче“ на посетителите ќе им понуди: зимници, туршии, домашни сокови, мармалади, слатки, пити, вино и многу други деликатеси.
Освен тоа, ќе има многу забава, можност за изнајмување велосипеди, како и работилница за деца.