вторник, октомври 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Есен е, а зимски утринските температури во делови од Македонија

Есен е, а зимски утринските температури во делови од Македонија

1

Најстудено утрово е во Берово каде што се измерени минус 1 степени Целзиусови, додека во останатите градови температурата се движи од 2 до 8 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Како што соопшти УХМР, во Битола 2 степени, 3 Струмица, 4 Демир Капија, Скопје-Петровец, Тетово, Крива Паланка, Маврови Анови, 5 Попова Шапка, Велес, Штип, Куманово, Прилеп, Претор, 6 Охрид, Гевгелија, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, 7 Крушево, 8 Виница.

Времето денеска ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.

ИЗДВОЕНИ