Ердоган: Турција ќе преземе чекори за организирање на средбата Путин-Зеленски

33
EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Турција ќе преземе чекори за организирање состанок меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, во главниот град Анкара или Истанбул, изјави во понеделник турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Мојата желба е да ги доведам Путин и Зеленски заедно во Истанбул или Анкара. Исто така, да го поканам (американскиот претседател Доналд) Трамп на овој состанок… Ќе преземеме чекори за организирање на овој состанок по завршните разговори“, рече Ердоган, зборувајќи по состанокот на кабинетот во Анкара, објави Ројтерс.

Во понеделник во Истанбул се одржа состанок на руската и украинската делегација, на кој руската делегација го поднесе својот нацрт-меморандум за потенцијално примирје во Украина.

ИЗДВОЕНИ