сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ Енергетската криза пристигна, Путин и предложи “рака за спас“ на Европа

Енергетската криза пристигна, Путин и предложи “рака за спас“ на Европа

54
EPA/TOMEK MURANSKI POLAND OUT

„Војната во Иран предизвика глобална енергетска криза“, рече вчера рускиот претседател Владимир Путин и предупреди дека производството на нафта, кое зависи од транспортот преку Ормутскиот теснец, наскоро би можело целосно да престане.

Путин ја повтори подготвеноста на Русија да ја снабдува Европа со нафта и гас. Русија е втор најголем извозник на нафта во светот и има најголеми резерви на природен гас во светот, пишува Хина.

Зборувајќи на состанок со владини претставници и раководители на водечки руски производители на нафта и гас, Путин рече дека Москва е подготвена повторно да соработува, дури и со европски компании и купувачи.

„Доколку одеднаш одлучат да се преориентираат и да ни понудат долгорочна соработка, ослободена од политички притисок, ние сме подготвени да соработуваме со Европејците. Сепак, ни требаат гаранции дека се подготвени и спремни да соработуваат и да обезбедат одржливост и стабилност“, рече Путин.

Тој додаде дека руските компании треба да ја искористат моменталната ситуација на Блискиот Исток, иако забележа дека зголемувањето на цената е веројатно привремено.

Цените на нафтата денес надминаа 100 долари за барел и достигнаа највисоко ниво од 2022 година, бидејќи Ормускиот теснец беше ефикасно затворен поради војната со Иран.

ИЗДВОЕНИ