Рускиот претседател Владимир Путин „не покажа речиси никаква подготвеност за компромис“ за време на разговорите со американската делегација денес во врска со мировниот договор што би ставил крај на руската агресија во Украина, објави NBC News.
Путин се сретна во Москва со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стивен Виткоф, и Џаред Кушнер, зет на Доналд Трамп, во потрага по мировно решение.
Сепак, според NBC News, Путин „не покажа знаци на компромис“ за време на состанокот со американските преговарачи.
Според руските функционери и аналитичари, Путин има три барања кои не подлежат на компромис:
Територија – Русија мора да го задржи целиот Донбас, кој исто така мора формално да биде признаен од САД и Европа.
Демилитаризација – вооружените сили на Украина мора значително да се намалат, оставајќи ја земјата со многу помала војска.
Правно признавање – Секој мировен договор мора да биде запишан во меѓународното право за да се зацврстат достигнувањата на Русија.












