Три лица се повредени, од кои две сериозно, во експлозија во еден од техничките објекти на телекомуникациската компанија Оринџ во Париз, што предизвика прекин на услугата за 80.000 корисници, објави денес претставничката на 7-миот арондисман на Париз, Рашида Дати, пренесе „Танјуг“.
Инцидентот се случил во подрумот на зградата на компанијата во француската престолнина, а по експлозијата избувнал пожар и тројца вработени биле повредени, додаде Дати, објави „Ројтерс“.
Како што изјави таа, двајца од повредените се во критична состојба, додека третиот претрпел полесни повреди.
🔴 Une explosion dans un local technique d’Orange, trois blessés dont deux gravement à Paris
➡️ https://t.co/MZmu8VLdFz pic.twitter.com/OrVwOjUgaz
— Le Parisien (@le_Parisien) October 9, 2025
Пожарникарите успеаја да го локализираат пожарот, а екипите на „Оринџ“ работат на враќање на телефонскиот сообраќај и интернет услугите за околу 80.000 корисници, рече Дати.