Ракета на „СпејсИкс“ што се тестираше во Тексас експлодираше, а извршниот директор Илон Маск изјави дека нема опасност во безбедносната зона околу локацијата.
Компанијата денес соопшти дека инцидентот се случил додека вселенското летало се подготвувало за својот десетти тест лет на местото за лансирање на „СпејсИкс“ во јужен Тексас.
Ship 36 experiences a RUD at Massey's during testing prior to Starship Flight 10. Seen in slow motion.
Continue to watch live: https://t.co/wL0tTdxtla
📸: @NASASpaceflight pic.twitter.com/sSy72p79fM— D Wise (@dwisecinema) June 19, 2025
„Околу локацијата во текот на целата операција беше одржувана безбедносна зона и целиот персонал е безбеден“, соопшти SpaceX на социјалните медиуми.
Тие ги замолија луѓето да не се обидуваат да се приближат до локацијата.
Компанијата, исто така, соопшти дека соработува со локалните власти.