Училишната спортска екипа на ООУ „Петар Поп Арсов“ во футсал (момчиња) како награда за освоено прво место на национално првенство во училишен спорт од Општина Карпош ќе добие ексурзија – патување во детски камп „Каливас’ (Грција). Одлуката за доделување на наградата ја донесе Советот на Општина Карпош на својата последна седница.
Од Општина Карпош информираа дека основците од Карпош постигнале голем успех освојувајќи го победничкиот пехар, при што се промовираа во државни прваци во футсал, на малите олимписки игри кои се одржаа кон средина на мај годинава во Кочани и Делчево, во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија.