Ефто Пупиновски го слави роденденот со „Лихнида кајче веслаше“

156

Весело во семејството на фолк-ѕвездата!

Големото име на македонската фолк-сцена, Ефто Пупиновски, кој е роден во Струга (“како Струга нема друга“), денес го слави својот роденден. Роден е во 1953 година и важи за еден од доајените на македонската музичка сцена.

Со роденденската торта, доби многу желби и подароци. Од рано наутро беа испеани многу вистински хитови, се наздравува со нив на домашната прослава со најблиските, со потесното семејство, меѓу другите и со: легендарната „Лихнида кајче веслаше“, „Тинке Катинке“, „Туѓа си бескрајно“, „Прости ми, душо“, „Сакам да сум крај тебе“, „Врати се, бела Марија“, „Пеј со добро вино“… Ефто е познат по тоа што пее и забавни песни како, на пример, во 1986 година, кога на штипскиот „Макфест“ настапи со хитовската песна „Удрете тапани“.

Беше дел и од многу дуети, а најслушани му се оние со фолк-ѕвездите Блага Петреска („Песната може сè“ и „Зоро моја, Зорице“), Атина Апостолова и Сузана Спасовска, пеејќи ја „Ќе се женат другарите“, од 2005 година. Во 1987 година го одржа својот прв солистички концерт, во Универзалната сала во Скопје. Таа година одржа и осум солистички концерти во Австралија, кај Македонците во дијаспората.                          И во 2014 година имаше голем солистички концерт, повторно во Универзалната сала во Скопје, по повод 40 години од пејачката и композиторска кариера.                           Нека ни е долговечен и, како досега еден од најраспеаните македонски фолк-пејачи.    (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ