понеделник, март 2, 2026
Дома СКОПСКА Едукативна авантура на учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“’

Едукативна авантура на учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“’

142

„Викимедија МКД“ организираше специјален уредувачки маратон наменет за учениците од „Вики-клубот“ при СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“ од Скопје, под менторство на професорката Ирена Трајковска-Стерјовска. Во него учествуваа 10 ученици, инспирирани
од темата за односот кон кучињата и важноста од активно граѓанско учество преку пишување, информирање и делување.  Како дел од активностите, учениците го посетија ЈП „Лајка“ – стационарот за бездомни кучиња во Скопје.

-Ни беше голема чест да бидеме нивни домаќини. Преку едукативна презентација и разговор со нашиот тим, учениците се запознаа со нашата работа, мисија, секојдневните предизвици и начини како секој поединец може да придонесе кон хуман третман и одржливо решение за проблемот со бездомните животни. Посетата беше длабоко едукативна, но и емотивна – учениците одблизу се сретнаа со кучињата под наша грижа. По посетата, следеше уредувачкиот маратон каде беа напишани вкупно 11 статии на теми поврзани со познати кучиња и нивното место во културата и историјата, со што младите директно придонесоа кон збогатување на „Википедија “на македонски јазик – соопштија од ЈП „Лајка“, потенцирајќи дека настанот покажал колку е важна соработката помеѓу образовните установи, јавните институции и невладиниот сектор.

-Заедно, можеме да создаваме генерации кои се свесни, хумани и одговорни – децидни се од претпријатието.

 

ИЗДВОЕНИ