четврток, октомври 15, 2026
Дома БАЛКАН Еди Рама за протестите – студентите не се виновни за насилството! Koj...

Еди Рама за протестите – студентите не се виновни за насилството! Koj стои зад хаосот во Албанија?

1
EPA/BORIS PEJOVIC

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека студентите не се одговорни за насилството при кое беше оштетена зградата на Колеџот на Европа во Тирана, и ја обвини опозицијата дека стои зад таквите дејствија, за кои рече дека имаат за цел да го нарушат угледот на Албанија.

Во својот прв одговор на студентските протести, кои избија поради барањата за подобрување на условите во образованието, Рама нагласи дека владата е подготвена за дијалог со студентите, додека сторителите на штетата ги опиша како други луѓе, кои ги поврза со опозицијата, пренесува Albanian Post.

„То не можат бидат рацете на студентите. Ние сме секогаш подготвени да разговараме и да дискутираме со нив. Тоа се други раце кои сакаат да ја урнат Албанија. Тоа се рацете на опозицијата која, со маски, заслепена од омраза, оган и железо, настојува да ја врати Албанија таму каде што никогаш нема да се врати, во понорот од кој сите заедно ја извлековме и од кој се искачуваме кон историскиот врв, во Европската унија“, изјави Еди Рама, пренесува Танјуг.

Кого Рама го обвинува за насилството на протестите?

Тој изјави дека опозицијата е одговорна за насилството на студентските протести, со цел да го попречи патот на Албанија кон Европската унија.

„Колеџот на Европа денес е симбол. Ова се тешки часови, но часови што сите заедно ќе ги надминеме, бидејќи Албанија ќе продолжи да се искачува, ќе продолжи по својот пат“, рече Рама.

Тој нагласи дека Албанија нема да си дозволи да се врати во минатото и да биде попречувана на патот кон европските интеграции.

„Никогаш повеќе тие раце што ја зграбија албанската опозиција за грло и ја туркаа сѐ по длабоко и подлабоко, нема да можат да ја освојат Албанија“, додаде премиерот.

Рама порача дека одговорните за насилството мора да се соочат со последиците од своите постапки.

Откако во текот на изминатата ноќ учесниците во протестите во Тирана ја нападнаа полициската станица фрлајќи молотови коктели, како и Министерството за правда и трговскиот центар „Топтани“, денеска дојде до судири со учесниците на протестот во близина на Министерството за образование, каде што демонстрантите фрлаа камења, а полицијата употреби солзавец за да ги растера присутните.

Во знак на солидарност со студентите во Тирана, студентите во Скадар денеска фрлаа јајца по вратите на Ректоратот и ја бојкотираа наставата на Факултетот за странски јазици.

Протестот започна во просториите на Факултетот за странски јазици, од каде што студентите се упатија кон зградата на општина Скадар, а потоа се застанаа пред зградата на Ректоратот на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“.

За време на собирот пред Ректоратот, студентите го изразија своето незадоволство извикувајќи „срам“, додека некои од нив фрлаа јајца кон вратата на зградата.

Студентите најавија дека протестите ќе продолжат.

ИЗДВОЕНИ