EPA/ANDY RAIN

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер, еден од најголемите играчи во историјата на тенисот, откри кој пораз му бил најтежок во кариерата. Иако многумина мислеа дека тоа е натпреварот против Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, Федерер има уште едно, особено болно сеќавање.

Во разговор за „Тагес-Анцајгер“, Федерер го издвои финалето на Отвореното првенство на САД во 2009 година против Хуан Мартин дел Потро како натпревар што требаше да го добие, но за време на загревањето доби болки во грбот, што влијаеше на неговата игра и го чинеше титулата.

„Финале на Отвореното првенство на САД во 2009 година против Хуан Мартин дел Потро. Требаше да го добијам тој натпревар, но на загревањето болката во грбот ми се врати и пропуштив многу можности. Требаше да го добијам тој натпревар. Овој пораз ја заврши мојата серија на Отвореното првенство на САД“, призна Федерер.

Иако многу фанови се сеќаваа на спектакуларните судири со Новак Ѓоковиќ, како што се Вимблдон каде што Федерер имаше две меч-топки, или полуфиналето на Отвореното првенство на САД во 2011 година, Швајцарецот истакнува дека ниту еден од тие порази не оставил толку длабока трага како финалето во 2009 година.

ИЗДВОЕНИ