На неколку дена до почетокот на домашниот ракометен шампионат, вицешампионот Еурофарм Пелистер преговара за доведување нов среден бек, кој потекнува од школата на Пари Сен Жермен.

Битолскиот клуб веќе со недели води преговори со дваесет и шестгодишниот Саду Нтанзи.  Се работи за ракометар во полна ракометна зрелост, со трофеи зад своето име и со настапи во Лигата на шампионите. Тој ја почна кариерата во Пари Сен Жермен, клуб во кој најдолго се задржа и освои најмногу трофеи (три шампионски титули во француското првенство). Следуваше позајмувањето во Феникс Тулуз, па меѓународното искуство во унгарска Татабања, катарски Ал Араби и во германски Мелсунген, каде ја што мина последната сезона.

Нтанзи треба да дојде на местото на Омер Мехмедовиќ, кој пред неколку дена спогодбено раскина со битолчани и потпиша во Австрија.

 

ИЗДВОЕНИ