Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги обајви имињата на сите учесници во следната сезона во Лигата на шампиони. На овој список се најде и актуелниот македонски првак, Еурофарм Пелистер. Битолчани трета година по ред ќе бидат дел од елитата, тие добија „вајлд-карта“ од европската „куќа на ракометот“.
Тимовите со потврдено барање за вајлд – карта се: ГОГ Гудме, Нант, ПИК Сегед, Еурофарм Пелистер, Колстад и Киелце. Директни учесници во Лигата на шампионите: Магдебург, Фуксе Берлин, Барселона, Спортинг Лисабон, ПСЖ, Динамо Букурешт, Веспрем, Алборг, Загреб, Висла Плоцк и Динамо Букурешт
Барањата од страна на Порто, Шафхаузен и Слован не беа одобрени, што значи дека овие екипи нема да учествуваат во Лигата на шампионите, но ќе имаат право на настап во Европската лига или Европскиот Куп. Ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 ќе се одржи во петок, 27 јуни, со почеток од 15:00 часот во Виена.
По доделувањето на вајлд – карта на Еурофарм Пелистер од страна на ЕХФ, Македонија во Европската лига, второ по ранг натпреварување под капата на Европската ракометна федерација ќе има најмалку еден претставник, затоа што Вардар 1961 профитира од „вајлд-картата“ на битолчани за Лигата на шампионите и доби место во групите.
„Црвено-црните“ со второто место на табелата чекаа епилог што ќе биде со шампионот на Македонија, а откако тој е позитивен, тоа го радуваа и најтрофејниот. Вардар 1961 ќе биде директно во групите на Европската лига на ЕХФ.
Се чека на статусот со Алкалоид, кој како освојувач на Европскиот Куп на ЕХФ може да игра исто така директно во Европската лига на ЕХФ. Тимот од Автокоманда побара место во Европската лига и го чека расплетот на европската куќа на ракометот.