Ракометниот вицешампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, ги доби противниците во групната фаза на Европската лига, која ќе стартува за два месеци.

Битолчани имаа статус на носители поради добриот коефициент на Македонија, а од првиот сад, ждрпката ги смести во Г – групата каде ќе ги одмерат силите со селекциите на Гумерсбах и Ла Риоха, претставници на најсилните лиги во Европа, Германија и Шпанија, како и екипата на Гдањск од Полска.

Европската лига во новата сезона ќе се игра во нов формат низ пет фази: групна фаза, плеј-оф, осминафинале, четвртфинале и Ф4-турнир. Вкупно 32 екипи играат во групната фаза, во шест кола, од 29 септември до 2 декември.

Првопласираните и второпласираните екипи од секоја група ќе обезбедат место во плеј-офот, каде што ќе им се приклучат третопласираните и четвртопласираните екипи од групната фаза на Лигата на шампионите. Вкупно 28 екипи ќе играат во плеј-офот, кој ќе се игра во два натпревари (дома и гости). Првите натпревари се закажани за 9 и 16 февруари 2027 година, а реваншите ќе се одиграат на 23 февруари и 2 март 2027 година.

Група А:Нексе, Елверум, Сен Рафаел, Хамарби, Група Б: Бидасоа Ирун, Лимож, Хафнафјердур, Маритимо, Група Ц: Извиѓач, Шафхаузен, Шамбери, ЦСМ Букурешт, Група Д: Савехоф, Татран Прешов, Сесвете, Бергишер, Група  Е:Фленсбург, Гранољерс, Бузау, Агуаш Санташ, Група Ф: Бенфика, Карвина, Тораловега, Холстебро, Група Г: Еурофарм Пелистер, Гумерсбах, Ла Риоха, Гдањск, Група Х: Татабања, Валур, Слован, Морс-Ти.

 

ИЗДВОЕНИ