сабота, септември 5, 2026
Дома БАЛКАН Двајцата пилоти се мртви, пронајдени нивните тела: Детали за несреќата во Грција,...

Двајцата пилоти се мртви, пронајдени нивните тела: Детали за несреќата во Грција, преслушана снимката од нивниот разговор/ВИДЕО

0

Двајца пилоти ги загубија животите денес кога грчки борбен авион Ф-4 „Фантом“ се урна за време на аеромитинг во воздухопловната база Танагра, во близина на Атина.

Грчките медиуми известуваат дека телата на двајцата пилоти се пронајдени во остатоците од леталото по падот.

Според првичните информации, постои снимка од комуникацијата меѓу двајцата искусни пилоти и контролниот центар, направена неколку минути пред несреќата. Врз основа на оваа снимка, се наведува дека пилотите не го активирале системот за катапултирање – мерка што се користи во случај на дефект за да се насочи леталото подалеку од населени места и од гледачите на аеромитингот.

По падот на авионот избувна пожар кој се прошири на околниот рурален предел; за гаснење на пожарот беше ангажиран хеликоптер.

На снимките од грчкиот јавен сервис ERT се гледа како се издига густ црн чад на само неколку стотици метри од местото каде што биле собрани илјадници гледачи на аеромитингот.

Несреќата се случи нешто пред 15:00 часот, пред очите на публиката присутна на аеромитингот. Според досегашните информации, непосредно пред падот, авионот наеднаш почнал да губи висина.

ИЗДВОЕНИ