среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Двајца браќа прободени пред теретана во скопски Чаир

Двајца браќа прободени пред теретана во скопски Чаир

215

На 01.06.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со убодни рани е донесен И.А.(38) од Скопје.

Според пријавеното, околу 21.45 часот пред фитнес клуб на подрачјето на Чаир во Скопје, тој и неговиот брат А.А.(32) се обиделе да разделат три лица кои физички се пресметувале, при што биле нападнати со остар предмет. Притоа, и А.А.(32) се здобил со убодни рани и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана помош.

Во врска со настанот, подоцна во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје на преглед се јавил и Б.Р.(25) од Скопје и во службен разговор изјавил дека бил нападнат од А.А., додека браќата И.А. и А.А. биле нападнати од Б.С. и А.С.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и на местото е пронајдена бела прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ