сабота, октомври 3, 2026
Дома МАГАЗИН Два моќни корени во утринскиот напиток: Имунолошки штит за организмот пред сезоната...

Два моќни корени во утринскиот напиток: Имунолошки штит за организмот пред сезоната на настинки

1

Со доаѓањето на сезоната на настинки и грип, многумина од нас бараат начини да го заштитат своето тело и да го зајакнат имунолошкиот систем. Иако постојат безброј додатоци и совети, особено се издвојува една едноставна утринска навика.

Познатата нутриционистка Мариса Перота нагласува дека никогаш не го пропушта својот здрав утрински напиток – кој е од суштинско значење за силен имунолошки систем – и истакнува дека тајната на нејзиното здравје лежи во комбинацијата на два моќни корени.

„Состојките што секогаш ги барам во мојот утрински ’шот‘ се куркумата и ѓумбирот. Докажано е дека и двете го зајакнуваат имунитетот. Понекогаш сама го подготвувам пијалакот, комбинирајќи јаболков оцет, корен од ѓумбир, куркума, лимон и бибер, а потоа ја разредувам смесата со вода. Вкусот можеби е малку интензивен или остар за некои луѓе, но за мене тоа е совршен начин за почеток на денот“, открива Перота, како што пренесува RTCG.

Зошто куркумата и ѓумбирот се популарни
Таа додаде дека куркумата и ѓумбирот се клучни состојки во многу популарни пијалаци за здравје и благосостојба – и тоа со добра причина, бидејќи се исклучително ефикасни во борбата против патогените.

„Куркуминот во куркумата е едно од биолошки најактивните соединенија и е широко познат по своите моќни антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Од друга страна, ѓумбирот со илјадници години се користи како природен лек; тој поседува низа антивирусни и антибактериски дејства, а исто така е исклучително корисен за варењето“, заклучува нутриционистот.

ИЗДВОЕНИ