„Душата на кларинетот“ – со звуците на легендарниот виртуоз Илија Ампевски, за настраданите во Кочани  

36

Концерт што ги разнежи срцата и ги зближи генерациите!                      Низ годините на кариерата успева да направи најголеми успеси, а се паметат неговите врвни соработки со Васка Илиева, Петранка Костадинова, Александар Сариевски, Зоран Ванев, Виданка Георгиева, Војо и Биљан Стојановски, Елена Георгиева, Јордан Митев, Јасмина Гуњова, Орце Стефковски… Соработува и со популарните Благица Павловска, Стојне Николова, Благоја Грујовски, Блага Петреска…токму овие му беа и специјални гости на концертот во Домот на АРМ

Дојден е од далечната Австралија и не остави без здив. По 35 години успешна кариера во Македонија и голем број настапи низ Европа, Канада, Америка… македонскиот виртуоз на кларинет и саксафон, конечно заслужено настапи во своето Скопје, со својот солистички концерт. А, станува збор за легендарниот Илија Ампевски-Ампе, неприкосновен мајстор на дувачките инструменти, кој вчеравечер, во преполна сала на Домот на АРМ, направи вистинска музичка магија. Концерт за памтење, кој беше поддржан од Министерството за култура. Средствата од продадените влезници се наменети за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Со тоа се потврдува и хуманиот карактер на овој македонски музички виртуоз. Човек-душа, со големо срце!

Интересно е дека Илија е единствениот Македонец, кој од Австралиската влада ја има добиено почесната виза за траен престој во Австралија. Затоа што тој во „земјата на кенгурите“ важи за музички талент поразличен од останатите. Таму настапува со македонскиот бенд „Деспина“, но и со многу австралиски музичари со кои минатата година имаше значаен настап во Сиднејската опера.

Роден е на 24 март 1974 година. Во Скопје завршува нижо и средно музичко училиште „Илија Николовски-Луј“, кај професорите за кларинет Манол Јанев и Стојан Димов, како и штипското музичко училиште во класата на професорот Раде Стојчев.

Низ годините на кариерата успева да направи вистински големи успеси, а се памтат неговите врвни соработки со Васка Илиева, Петранка Костадинова, Александар Сариевски, Зоран Ванев, Виданка Георгиева, Војо и Биљан Стојановски, Елена Георгиева, Јордан Митев, Јасмина Гуњова, Орце Стефковски…                        Соработува и со популарните Благица Павловска, Стојне Николова, Благоја Грујовски, Блага Петреска… а, токму овие му беа и специјални гости на концертот во Домот на АРМ.                                                                                                                    Мошне интересно е дека на еден од “Фолк хитовите на годината“, од славната Блага Петреска, добива покана за настап, со што кариерата на Ампе дефинитивно тргна исклучиво по блескавиот пат. Станува и дел од легендарната група „Македонски мерак“, во која музицира заедно со маестро на хармониката Милан Завков.

Инаку, на самиот скоро трочасовен концерт со Илија на сцената, кој имаше и свои солистички изведби („Разиграно оро“, „Слатки седум осмини“, „Билјанин чочек“….), настапи и: „Драчево-оркестар“ составен од врвните музичари: Нико Сребров, Мишел Трајковски, Дамир Имери, Јане Рафиловски, Орце Лазаров, Елдин Усеиновски, Ристе Плуковски, Михаил Парушев и Ратко Даутовски. Низ распеаната програма не водеше, како и секогаш, одличната Ирена Спировска, која со одбрани топли зборови ни го презентира богатиот музички опус на Ампевски.

Нив им се придружија и многу популарните Блага, Благица, Стојне и Благоја, секој со својата хит песна: „Ој ти момче охриѓанче“, „Заиграј срце“, „Ти ме предаде“, „Цело Скопје“, „Селвие Сенѓузел“, а овој разигран концерт феноменално го заврши Благица Павловска во својот стил со хитот „Чукај, чукај срце“.  Се разбира дека публиката која беше составена од 7 до 77 години, се крена на нозе и со долгото ракоплескање на најискрен начин му се заблагодари на Ампе, како што, всушност, сите нагалено го ословуваме.                                                                                                            Дуле Миќиќ (текст и фото)

 

 

 

ИЗДВОЕНИ