Кошаркарскиот клуб Дубаи е посилен и за Џастин Андерсон (31), поранешен играч на Барселона. Клубот од Обединетите Арапски Емирати објави не толку јасна порака за доаѓање на нов играч, на својот профил на мрежата X, но беше лесна за дешифрирање.
- Роден во Монтроуз, Вирџинија, пристигнува во Дубаи. Ново име му се приклучува на нашето семејство – се вели во соопштението на Дубаи.
Описот одговара само на едно име, гореспоменатиот Андерсон, кој е роден во Монтроуз и неодамна се раздели со Барселона, по една сезона помината таму. Претходно, тој играше за Валенсија, Бреоган, Индијана, Кливленд и за други бројни НБА-клубови и за нивните развојни тимови.
Тој е уште едно во низата нови имиња во редовите на дебитантот во Евролигата, кој ќе игра во АБА-лигата следната сезона.
Дубаи неодамна потпиша договор со Двејн Бејкон, а претходно со Алекса Аврамовиќ, Мекинли Рајт, Џанан Муса, Мам Жаите и со Кенан Камењаш.