Државниот јавен обвинител соопшти дека истрагата за пожарот во Кочани е завршена – од утре почнува увидот на одбраната во доказите

83

Истрагата за трагедијата во Кочани е завршена, од утре почнува увидот на одбраната во доказите, објави во 24 анализа на телевизија 24, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

– По два и пол месеци истрагата се завршува утре што значи дека од утрешниот ден се почнува со увид во предметот од страна на одбраната. Одбраната во наредните 15 дена има право да доставува докази кои јавното обвинителство ќе ги цени со тоа што по поминување на тие 15 дена ќе се донесе јавно-обвинителска одлука – рече Коцевски во телевизиско гостување.

Тој посочува дека досега ваков предмет немало во државата и дека се работи за сложена истрага со многу преземени дејствија и дека биле вклучени 13 јавни обвинители.

–  Во рекордно време се обезбедија сите релевантни докази кои беа битни за истрагата – рече Коцевски.

Коцевски тврди дека ОЈО ГОКК продолжува со истрагата околу улогата на полицајците кои кобната ноќ беа во дискотеката „Пулс“ и не исклучува можност доколку се обезбедат докази, да станат осомничени. Коцевски вели, полицијата влегла во „Пулс“ 15 минути пред пожарот.

ИЗДВОЕНИ