четврток, февруари 5, 2026
Дома БАЛКАН Државјанин на БиХ осомничен за повеќе од 180 кражби во Австрија

Државјанин на БиХ осомничен за повеќе од 180 кражби во Австрија

70

Педесетгодишен државјанин на Босна и Херцеговина е осомничен за повеќе од 180 кражби низ Австрија во текот на изминатите 13 години, а вкупната предизвикана штета е повеќе од 760.000 евра, јавуваат германските медиуми.

Вредноста на украдената стока е околу 195.000 евра.

Најчести цели биле деловни згради и канцеларии, во кои провалил 154 пати, образовни институции, противпожарни станици, простории на разни здруженија и јавни институции.

Човекот ја извршил својата прва кражба во март 2012 година, а според досегашните информации, дејствувал во дури пет австриски федерални покраини.

Секој пат по кражбата успеал да избега, но бил уапсен годинава во јули во близина на Виена.

ИЗДВОЕНИ