Државјани на 19 земји повеќе нема да можат да влезат во Америка

0
EPA/Aaron Schwartz / POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изнесе серија крајно остри забелешки во врска со Сомалија и сомалиските мигранти, откако неговата влада обелодени дека ги стопира сите барања за доселување од 19 нееворпски држави, повикувајќи се на националната и јавната сигурност.

Трамп говореше на средба на администрацијата за случај во сојузната држава Минесота, каде што, според локалното правосудство, повеќе од милијарда долари биле исплатени на непостоечки социјални служби преку лажни сметки поврзани со Сомалијци.

Истиот ден, владата на Трамп соопшти дека ги прекинува сите молби за доселување, вклучувајќи ја и обработката на зелени картони и апликации за државјанство, од 19 нееворпски земји кои веќе беа под делумни рестрикции во јуни. Списокот ги опфаќа Авганистан, Бурма, Чад, Конго, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Јемен, Венецуела, Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела.

Во официјалниот меморандум се цитира неодамнешниот напад врз припадници на Националната гарда во Вашингтон, во кој еден гардист беше убиен, а друг беше сериозно повреден. Осомничен за нападот и уапсен е еден Авганистанец. Меморандумот повикува на „темелно преиспитување“ на сите барања, вклучително и можни интервјуа или повторни интервјуа на кандидатите.

Откако се врати во Белата куќа во јануари, Трамп даде приоритет на поригорозно спроведување на имиграциските закони, испраќање федерални агенти во големите градови и засилување на депортациите. Минатата недела тој објави дека сака „трајно да ја суспендира имиграцијата од сите земји од третиот свет“.

ИЗДВОЕНИ