четврток, октомври 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Дрифтал“ со „опел“ без регистарски таблички, иако немал возачка дозвола – полицијата...

„Дрифтал“ со „опел“ без регистарски таблички, иако немал возачка дозвола – полицијата го пронајде 22-годишниот штипјанец

1

Дваесет и двегодишен жител на Штип ќе се соочи со соодветна пријава откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како дрифтува со автомобил без регистарски таблички, иако сè уште немал стекнато право да управува со возило.

Од СВР Штип информираат дека по преземените мерки, на 14 октомври полициските службеници го пронашле С.К. и со него извршиле службен разговор.

Видеото било објавено на 12 октомври, а на него се гледа како младиот штипјанец управува патничко возило „опел“ без регистарски ознаки и намерно предизвикува пролизгување на автомобилот.

При полициските проверки било утврдено дека тој управувал со возилото пред да се стекне со право на управување.

За случајот бил известен јавен обвинител, а од полицијата најавуваат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ