Дрејмонд Грин се најде во центарот на вниманието пред почетокот на новата НБА-сезона откако видео од медиумска сесија на Голден стејт предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Навивачите забележаа дека искусниот кошаркар изгледа покрупно, но тој брзо ги отфрли шпекулациите. Истакна дека се наоѓа во добра физичка форма и дека е задоволен од својата подготвеност во оваа фаза од подготовките.

  • Не ми е грижа што зборувате, бидејќи половина од луѓето што коментираат и самите изгледаат смешно – истакна тој, испраќајќи директна порака до критичарите.

Според наведените податоци, пред сезоната 2026/2027, тој тежи околу 106 килограми, што е тежина блиска до онаа што ја одржуваше во текот на кариерата.

Во меѓувреме, тренерот Стив Кер откри и кон каква почетна петорка е наклонет, со Стеф Кари, Брандин Подзиемски, Ги Сантос, Џексен Ландеборг и со Грин.

ИЗДВОЕНИ