Околу 60 лица беа уапсени, а тројца полицајци беа повредени за време на немирите во Сан Франциско во неделата, соопшти полицијата. Судири меѓу полицијата и демонстрантите поради апсењето и депортацијата на мигранти избувнаа на улиците на Лос Анџелес и другите градови во Калифорнија во текот на изминатите два дена.
Според полицијата во Сан Франциско, поединци станале „насилни и почнале да извршуваат кривични дела, почнувајќи од физички напад до сериозен вандализам и уништување на имот“, синоќа, што довело до прогласување на незаконско собирање во еден дел од градот.
Полицијата додаде дека голем број од толпата ја напуштиле областа, но „неколку лица останале и продолжиле со своето незаконско однесување“, вклучително и уништување згради и полициско возило. Двајца полицајци се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, додека еден е префрлен во локалната болница.
Seen just now in Downtown San Francisco: A vandalized Waymo sits stalled on Pine St in the aftermath of today's protest against ICE.
Read more: https://t.co/2O5eqXoJth
🎥: @ggreschler pic.twitter.com/Ujr4ayCZg8
— The San Francisco Standard (@sfstandard) June 9, 2025
Како одговор на полициската изјава, градоначалникот Даниел Лури рече дека секој има право мирно да го изрази своето мислење, но дека насилното и деструктивно однесување нема да се толерира.
Лури додаде дека протестите сега се завршени и истакна дека „обидите да се нападнат членовите на нашата имигрантска заедница – кои придонесуваат за нашиот град, ја поддржуваат нашата економија и ги одгледуваат своите семејства тука – го прават нашиот град помалку безбеден“.