Вистинска драма се одвивала во угостителски објект во скопската општина Аеродром – двајца мажи ја попречувале пејачката да настапува, а еден од нив, претставувајќи се како полицаец, дури и физички ја нападнал, додека истовремено заканите се упатувале и кон пријавителот. Полицијата брзо интервенирала и ги лишила од слобода двајцата осомничени.
-Ноќеска во 02:13 часот во СВР Скопје, С.К. пријави дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром имало нарушување на јавниот ред и мир од страна на две лица. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот, каде што пријавителот појаснил дека двајца мажи ја спречувале пејачката во локалот да работи, а едниот од нив кој се претставувал дека е од полиција, и физички ја нападнал. Исто така, лицата упатувале закани и кон пријавителот, појаснија во четвртокот од полицијата.
Оттаму додаваат дека од страна на полициските службеници од слобода се лишени Љ.А.(35) и Н.Д.(40), двајцата од Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.












