Домот за пензионери во Тузла бил еден од најскапите во БиХ: Највисоки цени за оние со деменција и неподвижните лица

874

По трагедијата во Пензионерскиот дом во Тузла, каде што 11 лица загинаа во пожар, а десетици беа повредени, се појавија бројни прашања, како што се состојбата на безбедноста, условите и надзорот врз работата на ваквите институции.

Во речиси сите институции за стари и изнемоштени лица, капацитетите се полни, а сите имаат заеднички листи на чекање, меѓу кои најдолги се оние за сместување на неподвижни лица.

За жал, во Пензионерскиот дом во Тузла, избувна пожар во одделот каде што се сместени неподвижни лица.

Нов црн биланс: Почина уште едно лице, 12-та жртва од пожарот во Пензинерскиот дом во Тузла

Од друга страна, Пензионерскиот дом во Тузла бил познат како еден од најскапите во земјата. Со новиот ценовник, чија примена започнала во февруари оваа година, цените на сместувањето и другите услуги скокнале за речиси 30 проценти.

Така, од февруари, мобилните корисници во двокреветна соба плаќале  1.050 конвертибилни марки (КМ) (околу 550 евра) за сместување наместо претходните 820 КМ, а полумобилните и неподвижните корисници 1.450 КМ, додека цената претходно била 1.100 КМ.

Месечната цена за сместување за лицата кои страдаат од сите форми на деменција, Паркинсонова болест и Алцхајмерова болест е 1.450 КМ во двокреветна соба и 1.650 КМ во еднокреветна соба.

За споредба, цената за сместување во Геронтолошкиот центар Сараево се движи од 700 КМ за мобилни корисници, 850 КМ за неподвижни корисници и 1.000 КМ за сместување во еднокреветни соби.

Во Центарот за стари и изнемоштени лица во Мостар, цената за сместување за мобилни корисници е 900 КМ, наместо 750 КМ, што беше пред три месеци, а за неподвижни корисници 1.100 КМ во споредба со претходните 900 КМ, пишува Аваз.ба

ИЗДВОЕНИ