Кошаркарите МЗТ Скопје запишаа уште една победа во АБА 2-лигата, откако славеа на гости кај Студент Бања Лука со 82:85 со тројката на Војдан Стојановски во последната секунда од натпреварот.
На полувреме, МЗТ Скопје А. имаше десет поени предност 47:37, но домашниот тим успеа да дојде до неизвесна завршница, а на пет секунди до крајот на натпреварот, Студент израмни со трите поени на Фарахан. Но, Војдан Стојановски презеде сè во свои раце и со тројка во последниот напад им донесе победа на „металците“.
Кај МЗТ Скопје најефикасен беше Мек Кејден со 26 поени, а Војдан Стојановски постигна 20 коша.
Со овој триумф, МЗТ Скопје дојде до втората победа по три одиграни кола, а исти скор има и вториот наш претставник во ова натпреварување, тимот на ТФТ Скопје, кој загуби дома од Хелиос со 83:84.











