Ландо Норис ја освои трката за Големата награда на Холандија во Зандворт и му донесе важна победа на Мекларен, додека Мерцедес имаше двоен подиум со Кими Антонели и Џорџ Расел.

Трката започна драматично уште во првиот круг. Норис го задржа водството, но Антонели го мина Расел, додека Шарл Леклер напредуваше до четвртото место.

Најголемото разочарување беше Макс Верстапен. Домашниот возач ја загуби контролата на лизгавата патека, удри во ѕидот и мораше предвреме да ја заврши својата последна домашна трка. За среќа, тој остана неповреден. Поради инцидентот беше истакнато црвено знаме, а рестартот дополнително беше одложен поради проблем со моторот на Оливер Берман. Трката конечно продолжи во петтиот круг, кога Антонели го презеде водството.

Борбата за првото место продолжи и по првите боксови. Антонели и Норис неколкупати го менуваа ритамот, додека Расел и Леклер остануваа во близина на водечката група.

Норис потоа почна сериозно да притиска и ја намали разликата на помалку од една секунда. По вториот пит-стоп, Британецот повторно се најде во одлична позиција.

Во 54. круг Норис направи клучен потег, со двојно престигнување ги мина Антонели и Луис Хамилтон и повторно го презеде водството.

Мерцедес потоа го повика Антонели во боксот за време на виртуелното безбедносно возило, со што практично се откажа од борбата за победата.

До крајот, Норис немаше поголеми проблеми и сигурно стигна до целта. Антонели заврши втор, а Расел трет, обезбедувајќи двоен подиум за Мерцедес.

Луис Хамилтон беше четврти, Шарл Леклер петти, а Оскар Пјастри заврши на шестото место. Во бодови влегоа и Лиам Лосон, Нико Хилкенберг, Фернандо Алонсо и Пјер Гасли.

Норис со победата освои максимални 25 бода и ја подобри својата позиција во шампионатот, додека Антонели освои 18. Расел додаде 15 бода, Хамилтон 12, а Леклер 10. Верстапен, пак, остана без бодови по несреќниот крај на домашната трка.

 

ИЗДВОЕНИ