петок, септември 4, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Домашното производство ја покри целата потрошувачка

Домашното производство ја покри целата потрошувачка

56

Во јуни 2026 година, согласно со податоците на националниот оператор на пазар на електрична енергија, МЕМО, за задоволување на севкупната потрошувачка на електрична енергија во државата, без загубите, поточно нето-потрошувачката, продадена е електрична енергија од 407 гигават-часови.

На пазарот на електрична енергија се реализирани трансакции од сопствено производство, во висина од 409 гигават-часови, од кои ЕСМ, со 169 гигават-часови, учествува со најголем процент од 41,4 %, а потоа следуваат агрегаторите со 144 гигават-часови или 35,2%, независните производители со 61 гигават-часови, односно 14,8% и производители што користат повластена тарифа на електрична енергија со 35 гигават-часови, односно 8,6 %.

Учеството на домашното производство на електрична енергија, во однос на нето-потрошувачката, во јуни 2026 година изнесувало 100 %.

 

ИЗДВОЕНИ