понеделник, февруари 2, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Доларот расте, еврото во проблеми!

Доларот расте, еврото во проблеми!

91

Вредноста на европската заедничка валута во споредба со доларот падна денеска на најниско ниво во последните четири и пол месеци, пишува порталот „Трејдинг економикс“.

Според податоците од берзата, во 10 часот еврото се продавало за 1,06875 долари, што значи дека е најслабо од крајот на јуни во однос на американската валута.

Инвеститорите внимателно ги следат економските и монетарните движења, како и политичката ситуација во Германија, а особено се заинтересирани за можноста за предвремени парламентарни избори во таа земја.

ИЗДВОЕНИ